Македонија
15. May 2018 - 12:55

УХМР за вечерва најавува страшно невреме

Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер вечер ќе ја зафати територијата на Република Македонија, соопшти Управата за хидрометеролошки работи. Во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина дожд од над 25 литри на метар квадратен. Можна е и локална појава на град, особено во североисточните делови.

Синоптичарите за периодот од утре до петок најавуваат стабилно време освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.

Во Скопската котлина попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат.