УХМР за утре прогнозира промена на временските прилики

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде облачно со слаб локален дожд, а на некои планини со слаб снег. Попладне врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 16 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно, во утринските часови со услови за слаб дожд, но во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
До сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нулата, така што во петок се очекува тие да се движат од три до пет, а во сабота од минус четири до три степени. До петок ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Преодно зголемување на облачноста со слаб локален дожд ќе има во недела. Дневните температури ќе бидат во покачување особено за време на викендот и во почетокот на наредната недела кога наместа ќе достигнуваат и над 20 степени.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
