УХМР: Времето до крајот на денов променливо облачно, на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето до крајот на денов ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд за кратко време и појава на град. Постепено стабилизирање на времето ќе има во вечерните и ноќните часови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 33 степени.
Од вторник до петок следува период на стабилно и многу топло време, информира УХМР.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
