УХМР викендов најавува пад на температурата и дожд

Промена на времето со пад на дневната температура за околу осум степени се очекува од сабота кога ќе има локален дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Според прогнозата на УХРМ, во сабота минималните температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а дневните од 9 до 17 степени.
Во недела преку ден ќе биде стабилно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и во понеделник претпладне, ќе има заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините. Во недела утринските температури ќе се спуштат до - 3 степени, а дневните температури ќе достигнат до 20 степени, а во понеделник утринските ќе се движат од 1 до 8 степени, а дневните од 6 до 14 степени. Во вторник ќе биде стабилно но, ладно со утрински температури од -5 до 4 степени и дневни од 5 до 13 степени.
Стабилно, суво и потопло ќе биде уште утре кога максималната температура ќе достигне 25 степени.
Ново на Сител
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
