УХМР со вонредна прогноза за престојниот викенд
Утре минималните температури ќе бидат уште 2 до 3 степени пониски од денешниве, особено кон истокот на земјата. Утринските утре ќе бидат во интервал од -6 до 3 степени. Позначајно спуштање ќе се почуствува во Кривопаланечко, во Пелагонија и во пониските делови од Скопската котлина.
Во деновите потоа утринските температури полека ќе се покачуваат и веќе во вторник наутро се очекуваат позитивни утрински насекаде.
Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, а на планините од слаб снег преку ноќта. Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени пред се на југоистокот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти