УХМР предупредува: Следуваат обилни врнежи од дожд и снег
Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, а во западните делови ќе дува умерен до засилен западен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со температурата од девет до 26 степени.
Во петок ќе биде претежно сончево и топло, а веќе кон крајот на денот се очекува значителна промена на времето кога под влијание на влажен и студен воздушен бран облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота, кога на места ќе бидат пообилни.
Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 15 степени.
На планините се очекуваат врнежи од снег, особено во северните делови каде снежната граница можно е да се спушти и под 1500 метри надморска височина.
Од недела времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и благ пораст на дневната температура.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор