УХМР предупредува: Од крајот на денов променливо облачно и нестабилно време
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави локален пороен дожд и грмежи кон крајот на денов, особено во северозападното подрачје. Во текот на ноќта во западните делови можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
- Утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, соопшти УХМР.
Во Скопската Котлина најмногу услови за нестабилност ќе има утре околу пладне и попладне. Во недела условите за нестабилност ќе бидат помали.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот