УХМР најавува студен бран - подгответе се!
Студен бран проследен со повремен дожд и засилен северен ветер со пониски температури се очекува во земјава во среда и четврток.
Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во попладневните часови облачноста насекаде ќе се намали. Температурата ќе се движи од 4 до 21 степен.
Во среда од крајот на денот и преку ноќта преку Македонија ќе помине студен бран проследен со повремен дожд и засилен северен ветер, минималната температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од 15 до 22 степени.
Во четврток се уште ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура позначително ќе опадне и ќе се движи 10 до 18 степени. Утринската според најавите ќе биде од минус два до седум степени.
Од петок дневните температури ќе се во постепен пораст, но утринската ќе биде на некои места под нулата и ќе се движи од минус три до шест степени. Дневната во петок ќе достигне до 21 степен, а за викендот и до 24 степени.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
