УХМР најавува страшно невреме, пороен дожд и грмежи

Времето денес во Македонија претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно, со локален пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилен ветер, претежно во западните и крајните источни планински региони. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=7
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степени.
Утре на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и источните делови. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и југоисточните делови.
Во вторник се очекуваат повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни со грмежи, особено попладнето.
Во среда како и во следните два дена ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе опаднат за неколку степени.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
