УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават

Како Универзитет, имаме нулта толеранција за корупција. Во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена - се потенцира во соопштението од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип по денешното приведување на 39-годишната Т. А., професорка на Факултетот за медицински науки, која побарала мито од 300 евра од студент од Република Турција за да положи испит.
Во соопштението од УГД - Штип се наведува дека, за жал, ниеден систем не е целосно имун на поединци што се подготвени да го прекршат законот и да ја злоупотребат довербата што им е укажана.
- Токму затоа целосно ги поддржуваме активностите на надлежните институции во борбата против корупцијата. Само со професионални, законити и неселективни постапки може да се откријат, санкционираат и трајно да се отстранат ваквите појави од академскиот систем. Веруваме дека токму ваквите постапки се единствениот пат кон посилни, поздрави и покредибилни институции. Така се штитат интегритетот, угледот и достоинството на високото образование и се зајакнува довербата на јавноста во академските институции - велат од УГД - Штип.
Раководството на УГД - Штип ги повикува сите што имаат сознанија за корупција или други незаконски дејства да не молчат. На Универзитетот постојат воспоставени механизми за пријавување вакви случаи и секој може без страв да ги искористи.
- Истовремено, ги охрабруваме сите ваквите сознанија директно да ги пријавуваат и до надлежните институции. Само со навремено пријавување, професионално постапување и доследно почитување на законот можеме да изградиме систем во кој знаењето, чесноста и личниот интегритет ќе бидат единствените критериуми за успех, а оние што ја злоупотребуваат довербата што им е дадена нема да имаат место во академската заедница - се вели во писменото соопштение од УГД - Штип.
МИА
Ново на Сител
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен
-

УХМР: Утре ќе биде променливо облачно, на места со пороен дожд и грмежи во попладневните часови
-

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, кривична пријава против четири деца и пет родители
