-->
-->
УЕФА со казна за Скендербег
-->
Екипата на Скендербег од Албанија доби казна од УЕФА и следниот натпревар од еврокуповите ќе го игра пред празни трибини во Елбасан. УЕФА казната ја одреди поради однесувањето на навивачите на дуелот со белградски Партизан во натпревар од Лига Европа.
Покрај оваа казна Скендербег ќе мора да плати и 60.000 евра. Навивачите на албанскиот клуб за време на натпреварот имаа незаконски скандирања, употреба на пиротехника и расистичко однесување.
Екипите на Партизан и Скендербег повторно ќе играат натпревар од Лига Европа во четврток во Белград, а Партизан презема високи мерки со цел да нема инциденти на овој натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа