-->
-->
УЕФА се закани со исфрлање на Англија и Русија од ЕП
-->
Европската фудбалска федерација УЕФА во неделата се закани со исфрлување на англиската и руската селекција од европскиот шампионат во Франција, доколку продолжат испадите на нивните навивачи, како на средбата во саботата вечерта на Марсеј.
Извршниот одбор на УЕФА ги предупреди и двата сојуза дека нема да се двоуми за новите казни, дури и со исклучување од турнирот на овие репрезентации, доколку нивните навивачи продолжат со дивеењето.
Исто така, УЕФА потврди дека Русија ја дисциплинска казна поради тоа што нејзините навивачи ги нападнаа англиските на самиот стадион „Велодром“.
Рускиот министер за спорт и претседател на рускиот фудбалски сојуз Виталиј Мутко изјави дека ги повикале навивачите да се однесуваат во согласност со законите, но предупреди дека 12.000 руски навивачи купиле влезници преку ресурсот на УЕФА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости