Фудбал
4. December 2020 - 20:01

УЕФА од следното лето воведува конференциска лига

УЕФА денеска потврди дека од следното лето ќе стартува ново натпреварување под името Конференциска лига во кое ќе се натпреваруваат екипи под 15-тото место според рангирањето во европскиот фудбал. 
Оваа одлука на УЕФА всушност значи дека клубовите од овие земји, освојувачот на купот и второпласираната и третопласираната екипа во првенството нема да можат да се натпреваруваат во Лига Европа како порано што значи дека нема да добиваат награди од по 250 илјади евра туку помалку. 
И во Конференциската лига ќе има групна фаза во која ќе се обезбедува пласман по три одиграни квалификациски кола и плеј-оф. 
Добра информација за македонскиот фудбал е што националниот првак ќе игра и понатаму квалификации за Лигата на шампионите но овојпат со четири квалификациски рунди до групната фаза. 
Со ваквите промени во европските купови македонските клубови ќе добиваат многу помалку пари и ќе бидат се подалеку од натпревари со квалитетни екипи кои ги полнат стадионите.  Особено што настапи во Лига Европа ќе можат да се обезбедат само доколку се поправи рејтингот во европскиот фудбал и од 39-тото место се искачиме меѓу првите петнаесет на стариот континент.