Спорт плус
28. August 2015 - 8:22

УЕФА куп: Добар старт на шампионот

Македонскиот футсал шампион екипата на Железарец со убедлива победа стартуваше на квалификацискиот турнир во Футсал купот на УЕФА, кој во четвртокот започна во Скопје.
 
Железарец во првиот меч на турнирот го победи шампионот на Естонија Аугур со 4:0. Два гола постигна Левески во првиот дел, а победата на Железарец ја заокружија Даниел и Глигоров.
 
Во петок на програмата е мечот помеѓу Аугур и израелскиот Бен Гурион, а турнирот ќе заврши со пресметката помеѓу Железарец и Бен Гурион в сабота.
 
Победникот на турнирот  ќе обезбеди пласман во наредната рунда, односно на турнирот во Братислава каде покрај домаќинот Словоматик ќе учествува и холадскиот Ајндховен, односно победникот од претквалификацискиот турнир во Групата Д на кој учествуваат Лункс (Гибралтар), Сантос Петрт (Шкотска), Сиеви (Финска) и Гроруд (Норвешка).