-->
-->
УЕФА куп: Добар старт на шампионот
-->
Македонскиот футсал шампион екипата на Железарец со убедлива победа стартуваше на квалификацискиот турнир во Футсал купот на УЕФА, кој во четвртокот започна во Скопје.
Железарец во првиот меч на турнирот го победи шампионот на Естонија Аугур со 4:0. Два гола постигна Левески во првиот дел, а победата на Железарец ја заокружија Даниел и Глигоров.
Во петок на програмата е мечот помеѓу Аугур и израелскиот Бен Гурион, а турнирот ќе заврши со пресметката помеѓу Железарец и Бен Гурион в сабота.
Победникот на турнирот ќе обезбеди пласман во наредната рунда, односно на турнирот во Братислава каде покрај домаќинот Словоматик ќе учествува и холадскиот Ајндховен, односно победникот од претквалификацискиот турнир во Групата Д на кој учествуваат Лункс (Гибралтар), Сантос Петрт (Шкотска), Сиеви (Финска) и Гроруд (Норвешка).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење