Фудбал
3. May 2016 - 12:24

УЕФА го разгледува приемот на ФС Косово

УЕФА на својот денешен когрес ќе го разгледа и барањето на ФС на Косово за прием во фудбалската европска асоцијација. 

Според информациите тоа ќе биде 7. точка на дневниот ред и можно е дури и да се промени статутот на УЕФА за да Косово добие прием. 
Од ФС на Србија најавуваат тешка битка слична на онаа кога Косово требаше да биде примено во УНЕСКО. 
Доколку УЕФА одлучи да го смени статусот во кој сега стои децидно дека прием се врши само на држави примени во ООН тогаш можно е Косово експресно да биде прифатено како 55-та членка на УЕФА особено што веќе доби прием во МОК.