Удриле во бетонски мост: Жена загина, двајца тешко повреден во страотна сообраќајка кај Трапчин Дол
Утрово во 07,40 часот се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат А2, Кичево – Гостивар, во близина на селото Трапчин Дол се случила сообраќајната незгода во која патничко возило форд мондео со италијански регистарски ознаки управувано од И.И.(54), движејќи се по магистралниот пат во правец од Гостивар кон Кичево, на критичното место изгубил контрола над возилото, излегол во десно надвор од коловоз и со предниот дел удрил во бетонски мост.
Од здобиените повреди починала И.И.(54) од село Октиси, струшко додека И.И. и А.И.(33) двајцата од истото село, се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
На местото на сообраќајната незгода извршен е увид од страна на Јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Кичево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит