Македонија
1. October 2020 - 16:56

Училиште остана целосно затворено - годинава нема ниту еден ученик

Со солзи во очите и носталгија за времињата кога школскиот двор бил исполнет со деца и нивниот џагор. Вака помина првиот училишен ден за пензионираниот наставник Боро Пандев од струмичкото село Габрово. За прв пат откако постои училиштето  неговите врати останаа под клуч, а наставата не започна,  но не поради пандемијата туку поради фактот што годинава овде нема ниту еден ученик. Учителот Боро,  како што го знаат сите вели во минатото имало и над 120 уленици, но како почнало иселувањето во европските држави така секоја година се намалувал и бројот на деца кои се запишуваат тука.

Учителот боро во ова училиште поминал скоро 4 децении. Бил одговорен за 24 генерации деца. Кога условиоте беа полоши имавме многу деца, сега кога училиштето е реновирано и опремено по сите стандарди вратата остана заклучена.

Годинава во Габрово има само еден ученик во петто одделение. Но, по желба на родителите пред се поради неговата социјализација детето е испишано и запишано во соседното Колешино.

Веќе следната година во Габрово ќе има едно прваче. Од управата на училиштето Маршал Тито, но и од самото село се надеваат дека токму тоа ќе биде причината во ова училиште повторно да се слушне училишното ѕвонче, а вратите на школската зграда да бидат отворени како што изминатиот половина век.