Училиште од Ѓорче Петров – 17 дена се прикрива оти деца и наставници патувале во Италија

Училиште во скопската населба Ѓорче Петров веќе 17 дена молчи дека има патници од Италија преку програмата Еразмус плус – четири ученици и двајца наставници, иако алармот за претпазливост во изминатиот период беше кренат на повисоко ниво и беше прогласена епидемија, пишува Фокус.мк.
Учениците пристигнале во Македонија на 22 февруари и покрај тоа што понеделникот, 24 февруари беше денот кога во Македонија започнаа да се применуваат првичните мерки за претпазливост за патници од Италија и беше прогласена епидемија. Тие престојувале една недела во Италија, а во Македонија се враќале со комерцијален лет до Софија, а потоа и со комерцијален транспорт до Скопје.
И по реакцијата на дел од родителите, училиштето не го известило навремено Институтот за јавно здравје, туку тоа го сторило на 28 февруари откако децата, освен едно од нив речиси цело време оделе во училиште. Одговор од таму не добиле.
-Родителот веднаш го однел своето дете на клиника каде му се направени тестирање за корона вирус и резултатот бил негативен. Ученикот си имал обична настинка проследена со температура и две недели не посетуваше настава. Наставниците и учениците беа и се вратија од Сицилија (Јужна Италија) пред прогласување на епидемија. Ги следевме препораките од МОН и Владата кои бараа информациии само за посочените критични региони во Севрна Италија, велат од училиштето.
Целата вест ТУКА.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
