Училишни сообраќајни единици во Центар
Општина Центар во соработка со СВР Скопје и со поддршка на „Америт сиз Македонија сообраќај“ почна да го реализира проектот „Училишни сообраќајни единици“.
Членовите на училишните сообраќајни единици им обезбедуваат премин на учениците преку коловоз пред училиштата (во присуство на наставник и службено лице од МВР), учествуваат во спроведување сообраќајно-воспитни акции, им даваат информации на учениците во сообраќајот за објектите во чија близина ги извршуваат своите задачи, им укажуваат на грешките што ги прават...
- Имајќи предвид дека најголем дел од нашите училишта се наоѓаат на високофреквентни локации, општината прави напори да ја зголеми нивната безбедност. Изразувам благодарност до СВР Скопје и до „Америт сиз Македонија сообраќај“, како општествено одговорна компанија која безрезервно го поддржа овој проект. Очекувам долгорочно зголемување на безбедноста на учениците во рамките на европските стандарди на безбедност, изјави Саша Богдановиќ, градоначалник на Центар
Ново на Сител
-
Приведени 7 полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот