Училишен прибор за учениците во Стајковци и Страчинци

Над 470 ученици од основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Стајковци и подрачното училиште во село Страчинци денеска добија ранци и училишен прибор донација од Министерството за образование и наука.
Министерот за образование и наука Пиштар Љуфтиу, кој заедно со заменик министерот Спиро Ристовски присуствуваа на дистрибуцијата на училишниот прибор, рече дека приоритет на Министерството е да се обезбедат потребните материјали неопходни за непречено одбивање на наставата во регионите погодени од полавите.
- Како Министерство ветивме дека приоритетни цели ќе бидат училиштата бидејќи започна наставната година и тоа го остваривме. Денеска училиштата се исчистини, а доставивме ранци и прибор за секое дете во овие училишта, истакна Љутвиу.
Министерот информира дека од Македонската амбасада во Франција добени се 50.000 долари собрани како донација, а ќе бидат наменети за реконструкција на покривите на двете училишта.
Директорката на ЦОУ „Св.Кирил и Методиј“ Ана Петровска појасни дека во наредниот период треба да пристигне комплетниот училишен прибор, а потоа секој родител ќе добие за своето дете од пакетот што му следува.
Според Петровска, училиштата во Стајковци и подрачното во Страчинци се реновирани, односно, како што рече, обезбедени се услови за непречено одвивање на наставата.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
