Училишен прибор за ученици од социјално-ранливите групи во Кочани
Ранци и училишен прибор добија учениците од социјално-ранливите категории во петте основни училишта во општина Кочани. Помошта е обезбедена согласно Програмата за поддршка на образованието на општина Кочани.
- Помошта се состои од 50 комплети – ранци и училишен прибор потребен за различни наставни предмети: тетратки, шестари, боици, фломастери, хартија во боја и слично, зависно од возраста и потребите на учениците. Комплетите ги доставивме до петте основни училишта, од каде што им се поделени на учениците, изјави Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности во Општината.
Паралелно со ова, општината ја спроведува и акцијата за поддршка со облека и обувки за учениците од социјално-ранливите групи.
Оваа помош, според Георгиева, ќе се обезбедува со проектот „Подадена рака“ преку Центарот за донација во Кочани, кој веќе започна да работи и во кој се донираат облека и обувки.
Покрај овие активности, во основното училиште „Малина Поп Иванова“ се спроведува акција за донирање училишен прибор за децата од социјален ризик кои учат во ова училиште.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица