Учесниците на Школата за млади лидери во посета на Општина Пустец

Учесниците на шестата по ред Школа за млади лидери, ја посетија Општина Пустец, Република Албанија, каде што се сретнаа со градоначналникот Едмонд Темелко, со членовите на администрацијата и со жителите на оваа општина.
Како што соопштија од кабинетот на претседателот на државата, пред младите лидери беше претставена работата на општината, предизвиците со коишто оваа локална самоуправа се соочува во својата работа, предностите и недостатоците, но и потенцијалот со којшто располага. По одржаните презентација, младите лидери, преку практична работилница, заедно со своите ментори предложија одржливи решенија за претставените проблеми, а предлог-проектите дополнително ќе бидат доставени до градоначалникот на општина Пустец.
- Овие средби се од големо значење, бидејќи преку нив се афирмира состојбата во Општина Пустец, но и исто така се дава придонес на целокупниот социоекономски развој на оппштината, за во иднина. Општина Пустец, со новата територијална поделба во Република Албанија доби нов статус, преку кој се надеваме на повеќе добри можности, кои ќе ја отворат општината. Повеќе од потребни ни се вакви презентации и посети за запознавање, со цел нудење можности за отворање на општина Пустец, како и за аплицирање на проекти во меѓународни фондации и институции, кои делуваат во овие простори и региони, истакна градочалникот Темелко.
Елена Велковска учесник на Школата за млади лидери изјави дека целта на посетата беше да се запознаат со градоначалникот, со советниците, и со начинот на живот на македонскиот народ во општина Пустец.
- Преку нашата посета, дознавме дека иако општината има поддршка од ЕУ фондовите, потребен им е човечки кадар за реализирање и изготвување на проектите и апликациите за грантовите во рамки на фондовите. Заради тоа се надеваме, дека преку нашите идеи, ќе допринесеме за унапредување на општината, и дека некој од нашите предлог-проекти ќе биде реализиран во иднина, истакна Велковска.
Школата за млади лидери е лична иницијатива на претседателот Иванов. Досега се организирани пет интензивни тренинзи за лидерство – вo 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 година. Идејата на претседателот Иванов е да се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.
Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби
Во изминатите пет години на школата учествуваа 200 млади луѓе и над 120 предавачи, меѓу кои генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешката Република и на Република Србија, Вацлав Клаус и Борис Тадиќ, претседателите на Светската и Европската академија на науките и уметностите, Иво Шлаус и Феликс Унгер, како и многу амбасадори, функционери од Европската унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.
Ново на Сител
-

Позајмил автомобил од својот братучед, па го продал на друго лице – кривична пријава за 40-годишен гостиварец
-

Воена вежба на македонската и белгиската армија утре кај Радожда
-

„Онкологија 2“: Планот за набавка на биолошка терапија не го носел стручен колегиум, недостигале и протоколи и упатства за биолошката терапија
-

„Сејф Сити“: Одземени 90 возила за две недели
-

Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом пронајдени се дрога и куршуми
-

Реките со енормен пораст по обилните дождови - Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот
-

Жител на неготинско Тимјаник возел без возачка, одземено му е возилото
-

Македонското еколошко друштво започнува нов проект за обнова на популацијата на белоглавиот мршојадец во Македонија
