Учесниците на Школата за млади лидери повикаа на хуманост и донирање за поплавените подрачја
Учесниците на седмата по ред Школа за млади лидери во Охрид, што се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на првиот ден од Школата повикаа на хуманост и донираа средства за настраданите во неодамнешните поплави во Република Македонија.
Како што соопштија од Кабиметот на Иванов, младите лидери пред свечено отворање на Школата, самоиницијативно се организирале и донирале средства на телефонскиот број 143-400, што е отворен за таа намена.
Тие, исто така, ги повикале сите млади луѓе, активно да се вклучат, и во рамки на своите можности да им помогнат на сите оние од настраданите подрачја кои имаат потреба од некаква помош, а со тоа да ги покажат на деломладинскиот активизам и ентузијазам и да бидат пример за хуманост и волонтерство, што е што е најпотребнo во вакви тешки моменти.
Ново на Сител
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?
-
Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта