Ученик се заканил дека со пушка ќе дојде во штипската гимназија
Полицијата е на влезовите од гимназијата „Славчо Стојменски“ откако ученик од четврта година на Инстаграм споделил порака дека ќе дојде со пушка на училиште, објавува ММС. Во моментов полицијата, службите, родителите и ученикот се на разговор во училиштето, потврди директорот Марјан Арсов.
-Во текот на вчерашниот ден имаше дојави од странки дека има закана на социјалните медиуми од еден ученик, кој го даде алармот до нас. Ние ги презедовме сите мерки. Беа повикани целата служба, родителите, ученикот. Моментално е тука полиција, разговараме, состојбата се држи под контрола. Ги повикуваме родителите совесно мирно да ги пуштат децата на училиште, најверојатно невкусна шега, изјави Арсов.
Ова е прва ваква закана во некое штипско училиште. Се очекува и полицијата да извести за случајот.
Ново на Сител
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО