Македонија
4. January 2020 - 11:26

Ученици донираа храна за социјално загрозени во Кавадарци

Во рамки на хуманата акција за новогодишните празници што ја спроведе Банката за храна Кавадарци, активно се вклучија и учениците од IV-3 одделение при Основното општинско училиште „Тошо Велков Пепето“, кои донираа прехранбени продукти и средства за лична хигиена.

– Учениците беа мотивирани од нивната одделенска наставничка Клаудија Ангелова, со која како Банка за храна имаме одлична соработка, но и како екологисти. Ја поздравуваме ваквата иницијатива која треба да ја следат и други, затоа што сите луѓе заслужуваат пристојни оброци и поубав живот, нагласи Роберто Паризов, активист во Банката и претседател на регионалното еколошко друштво ,,Еко-живот”.

Ангелова посочи дека  избрала племенита професија,  да работи  со учениците во првиот и најважен циклус од нивното повеќегодишно образование.

– Јас како наставник секојдневно се трудам да им го пренесам моето знаење и искуство, учејќи ги на сите морални вредности и принципи, ги учам да имаат одговорност кон заедницата и моја задача е од моите  ученици да направам паметни и чесни луѓе. Јас ги мотивирам учениците, ги поттикнувам постојано да учат, да сознаваат, да истражуваат, да бидат свои, за своето добро и за доброто на општеството, нагласи наставничката.

Таа додаде дека се труди и да ги насочи  кон основните вистински  вредности во животот, да сакаат, да бидат љубезни, да бидат насмеани, секогаш да помагаат, да бидат хумани.

– Нивната хуманост ја видовме и на дело. Браво за моите ученици, нека го следат и останатите нашиот пример, на луѓето околу нас ова му е потребно, да им ги разубавиме празниците и секој нов ден во 2020 година, рече Ангелова.