Ученици донираа храна за социјално загрозени во Кавадарци
Во рамки на хуманата акција за новогодишните празници што ја спроведе Банката за храна Кавадарци, активно се вклучија и учениците од IV-3 одделение при Основното општинско училиште „Тошо Велков Пепето“, кои донираа прехранбени продукти и средства за лична хигиена.
– Учениците беа мотивирани од нивната одделенска наставничка Клаудија Ангелова, со која како Банка за храна имаме одлична соработка, но и како екологисти. Ја поздравуваме ваквата иницијатива која треба да ја следат и други, затоа што сите луѓе заслужуваат пристојни оброци и поубав живот, нагласи Роберто Паризов, активист во Банката и претседател на регионалното еколошко друштво ,,Еко-живот”.
Ангелова посочи дека избрала племенита професија, да работи со учениците во првиот и најважен циклус од нивното повеќегодишно образование.
– Јас како наставник секојдневно се трудам да им го пренесам моето знаење и искуство, учејќи ги на сите морални вредности и принципи, ги учам да имаат одговорност кон заедницата и моја задача е од моите ученици да направам паметни и чесни луѓе. Јас ги мотивирам учениците, ги поттикнувам постојано да учат, да сознаваат, да истражуваат, да бидат свои, за своето добро и за доброто на општеството, нагласи наставничката.
Таа додаде дека се труди и да ги насочи кон основните вистински вредности во животот, да сакаат, да бидат љубезни, да бидат насмеани, секогаш да помагаат, да бидат хумани.
– Нивната хуманост ја видовме и на дело. Браво за моите ученици, нека го следат и останатите нашиот пример, на луѓето околу нас ова му е потребно, да им ги разубавиме празниците и секој нов ден во 2020 година, рече Ангелова.
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство