Убиство во Струмица, фатен убиецот
Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство го расчисти случајот со пронајденото тело во метално буре на 20.06.2019 година, во вештачкото езеро „Турија“. По извршените анализи, утврдено е дека станува збор за лицето Ристо Иљашев и дека смртта настанала по насилен пат.
По добиената пријава за исчезнување на Ристо Иљашев од Струмица на 07.05.2019 година, Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица, во содејство со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал при МВР, ОКТИВ при МВР и Институтот за Судска медицина во Скопје, а по насоки од надлежното обвинителство во Струмица, превзедоа бројни активности се со цел расветлување на случајот. По превземените опсежни активности и истражни мерки и врз основа на прибраните материјални докази СВР Струмица на 16.05.2019 година до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против М.В. (52) од с.Добрејци, Струмица, за извршено кривично дело „Убиство“ од чл.123 ст.2 т.1 од Кривичниот законик бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот на 07.05.2019 година на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Илјашев а потоа се обидел да го прикрие убиството. Истиот ден Судија за претходна постапка во ОС Струмица на осомничениото лице му изрече мерка притвор во траење од 30 дена. По наредба на јавен обвинител беа превземени повеќе дејствија, извршени се претреси на повеќе локации, организирана е опсежна потрага по лицето особено во реонот на браната Турија, каде е забележано возилото на осомничениот. Обезбедени се и други материјални докази. Дополнително во работилницата сопственост на осомничениот во село Добрејци пронајдени се биолошки траги кои потекнуват од жртвата.
Осомничениот М.В. кривичното дело го извршил на начин што го искористил долгогодишното познатство со оштетениот Ристо Иљашев и на подмолен начин го лишил од живот, при што трагите од извршениот грозоморен чин се обидел да ги сокрие така што телото на жртвата го ставил во метално буре и го потопил во вештачкото езеро „Турија“ во Струмица.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
