„Убиство во обид“ врз арачиновец, полицијата го расчисти случајот
Од слобода е лишен Е.А. (22) од село Арачиново од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при извршени претреси на повеќе локации во село Арачиново, а во врска со кривично правниот настан од 29.08.2024 околу 21 часот во селото, кога со огнено оружје е пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од село Арачиново, при што со прострелни рани се здобил А.И. и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Како што денеска соопштија од МВР, од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од село Арачиново за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ.
Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор