Балкан
10. August 2016 - 11:06

Убиство кое ја згрози цела Србија - Семејството на детето неутешно

 
Тригодишната Анѓелина која беше брутално силувана и убиена во Србија, не си го дочека четвртиот роденден. За убиството е осомничен 28-годошниот Владица Рајковиќ од селото кој прво ја силувал, па убил Анѓела и со тоа го зави регионот во црно.
 
Семејството на малото ангелче е скршено од болка и месец дена по убиството.
 
- Да даде бог да гори во пеколот. Да го доживее она што мојата внука го доживеа. Не можеме да се помириме дека ни ја нема Анѓа, вели бабата.
 
Ова убиство ја згрози цела Србија.