Убија голем крокодил, па ги згрози она што го најдоа во неговиот стомак
Откако го убија и распараа шест метри долгиот крокодил кој пливаше недалеку од брегот, насобраните на плантажата за производство на палмино мсло во Калимантно, во индонезискиот дел на Борнео, ги дочека мачна и грозна глетка. Во утробата од предаторот пронјдоа човечка рака и нога, поради што се сомневаат дека екстремитетите му припаѓаат на 36-годишниот работник на плантажата, Анди Асо Еранг, кој исченал два дена претходно.
На брегот беа најдени неговите сандали и велосипед. Дополнително беше најдено и неговото тело во реката, но му недостигаа екстремитетите. „Во стомакот од крокодилот најдовме лева рака и нога з кои веруваме дека припаѓале на жртвата“, вели шефот на локалната полоција, Теди Ристиаван. Сопругата на несреќниот работник изјави дека тој заминал во лов на школки за ручек, а очигледно при ловот тој бил уловен од страна на крокодилот.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер