Свет
16. јуни 2018 - 15:00

Убиени додека превезуваа затвореник: Замениците на шерифот во Канзас застрелани во комбе пред судница

Тешко ранетата заменичка на шерифот Тереза Кинг (44) почина денеска од повредите здобиени кога во неа пукаше затвореник кој го возеле во судница во Канзас Сити.

Во пукањето на самото место загина уште еден заменик шериф, пренесе агенцијата АП.

Пукањето се случи во петокот при превоз до судот на неименуван затвореник.

Кинг и Патрик Рорер, како што соопшти полицијата, се застрелани најверојатно со нивното оружје.

Истрагата ја води полициското одделение во Канзас Сити.