Убиен Палестинец кој со нож нападна израелски граничари
Израелската полиција денеска соопшти дека е убиен Палестинец кој се обидел да изврши напад со нож врз израелски граничари на Западниот брег, јавуваат француските медиуми.
Напаѓачот излегол од својот автомобил на контролен пункт и се затрчал кон граничарите, кои кон него отвориле оган.
Претходно 21-годишен Палестинец беше застрелан со куршум во глава при судир со израелски војници во село западно од Ерусалим.
Од 1 октомври во напади со ладно оружје, судири со силите на редот и насилство меѓу Палестинците и со израелските доселеници загинаа вкупно 95 Палестинци (меѓу нив и еден израелски арап), 17 Израелци, еден Американец и еден Еритреец.
Израелскиот министер за одбрана Моше Јаалон денеска на радио соопшти дека израелските сили за безбедност во последните два месеца уапсиле над 800 Палестинци.
Ново на Сител
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска