Свет
13. March 2022 - 14:53

Убиен новинар на Њујорк Tајмс во близина на Киев

Репортер на Њујорк Тајмс е убиен во близина на Киев, потврди началникот на регионалната полиција.

Наградуваниот видео новинар Брент Рено (51) бил застрелан кога руските сили отвориле оган врз автомобил во близина на Ирпин, објавија светските медиуми.

Друг новинар, кој во тој момент бил со него, по нападот бил пренесен во болница на лекување.