-->
-->
Убиен лидерот на огранокот на ИД во Авганистан и во Пакистан
-->

Лидерот на огранокот на Исламска држава во Авганистан и во Пакистан загина во напад со американски дром во источен Авганистан, изјави авганистанскиот амбасадор во Пакистан, Омар Закилвал.
- Можам да потврдам дека лидерот на огранокот на ИД Курасан Хафиз Саид Кан, заедно со своите команданти и борци загина во американски напад со дрон на 26 јули во авганистанската област Кот, изјави авганистанскиот амбасадор Закилвал.
Портпаролот на воената коалиција предводена од САД во Кабул не ја потврди информацијата за погинувањето на Кан, но истакна дека се спроведува истрага.
За Кан, поранешен припадник на пакистанскиот огранок на талибанците, кој се заколна на верност на ИС, досега повеќе пати се тврдело дека загинал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
