Убиен 42-годишен маж од Велес, полицијата го приведе убиецот
Во селото Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 61-годишниот С.И. од село Подлес. Како што информира МВР, тој вчера околу 16:10 часот пред неговата куќа по претходна расправија од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон 42-годишниот М.Д. и 44-годишниот М.В., двајцата од Велес.
- Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. М.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица. Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп