Убиецот на Љуба Зeмунац: Ми беше идол, но му се плашев дури и кога го испукав првиот куршум
Еден од најжестоките момци на белградскиот асфалт Љубомир Магаш, кого сите го знаеја како Љуба Земунац беше убиен во 1996 година пред судот во Франкфурт. Убиецот беше Горан Вуковиќ Мајмун, но нарачателот никогаш не се дозна.
Љуба почина онака како и што живееше, лудо, на улица и брзо. Тој ден беше дојден во судот во Франкфурт да и објасни на германската полиција за некои поранешни дела и не очекувал дека може да го застрелаат, па не носел и панцир. Кога се сретнал со Мајмунот само му дофрлил „тргни се“ што било доволна причина да го почека кога ќе излезе надвор.
Кога Љуба излегол на улицата, Вуковиќ испукал еден куршум и Земунац се струполил. Подоцна убиецот изјавувал дека не бил дојден да го ликцидира, но бил изреволтиран од неговото однесување.
– Се плашев од Љуба, но не сакав да го убијам. Ми беше идол, но му се плашев дури и кога го испукав првиот куршум - изјавил Мајмунот во полицијата.
Ново на Сител
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството
-
Сител сторија: Пред 15 години се бореше за живот, денес е здрава и среќна тинејџерка