-->
-->
Убедлива победа на ПСЖ против Анже
-->
Пари Сен-Жермен полека се врати во ритам, откако ја започнаа сезоната во Франција со два порази во низа, го забележија и четвртиот триумф едноподруго, овојпат со 6:1 над Анжер на „Паркот на принцовите“.
Мечот започна со фантастичниот деби-гол за ПСЖ на поранешниот капитен на Рома, Алесандро Флоренци, кој прекрасно го лобуваше противничкиот голман. Во 36. минута, Килијан Мбапе имаше убаво влегување во шестнаесетникот да му асистира на Нејмар за неговиот прв гол, пред да ја отслужи суспензијата од два меча за црвениот картон на жестокото дерби со Марсеј.
На стартот на второто полувреме, по уште еден продор на Флоренци, Нејмар пак се запиша во листата на стрелците, пред во 51. минута, Анжер да намали со голот на Траоре. „Светците“ не застанаа тука – Јулијан Дракслер во 57. минута зголеми на 4:1, Гуеје во 71. минута стрелаше за 5:1, а Мбапе го круниса мечот во 84. минута со гол по асистенција на Мауро Икарди.
ПСЖ сега се втори на табелата со 12 поени, еден помалку од Рен, кои имаат и натпревар помалку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза