-->
-->
Убедлива победа на Кожув над Фени Индустри во натпревар од БИБЛ лигата
-->
Кошаркарите на Кожув убедливо со 16 поени разлика го победија Фени Индустри во македонското дерби од регионалната Балканска лига (БИБЛ).
Во воведното, 1.коло од втората фаза на ова натпреварување, одиграна во Гевгелија, кошаркарите на Кожув славеа победа против Фени Индустри со 89-73 по четвртини 22:18, 26:22, 20:11 и 21:22.
Најефикасен во на натпреварот воедно и во победничката екипа беше Американецот, Кенион МекНил кој средбата ја заврши со 25 поени, а имаше и 8 асистенции и 5 скокови. Неговиот сонародник Лери Хал придодаде 16 поени за домаќинот, додека 16 пони за гостите од Кавадарци постигна капитенот Кирил Николовски кој имаше и 10 скокови.
Ова беше натпревар од новоформираната Ц група, во која се одигра и средбата Берое – Сутјеска 104-76.
На табелата водечка е бугарската екипа Берое со 6 бодови. Кожув се проби навторото место, пред Фени Индустри и Сутјеска, а сите три екипи имаат по 4 бода.
Денеска на програмата се средбите од Д групата во која македонското дерби ќе се игра во Скопје од 19 часот, каде Карпош Соколи ќе биде домаќин на Куманово.
Во вториот меч од оваа група се среќаваат Теодо (Црна Гота) и Пеќ (Косово).
Натпреварите вооваа група Куманово ќе ги започне од водечката позиција со пренесени 4 бодови, Пеќ и Карпош Соколи кои пренесоа по 3 бода од првата фаза, односно Теодо ќе стартува од нула.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи