Loading Video...
Фудбал
18. March 2023 - 20:07

Убедлив триумф на Силекс во Прилеп, Струга ТЛ на плус четири

Фудбалерите на Силекс ја продолжуваат успешната серија во пролетниот дел и забележаа убедлива победа од 5-1 на гостувањето во Прилеп против домашната Победа. 

Кратовци поведоа  со голот на Хамза Рамани уште во 6. минута од натпреварот.Следуваше погодок на  Виктор Серафимовски за 2-0 во 44. минута. Победа единствениот погодок го постигна на почетокот на вториот дел и намали  на 1-2 со голот на Ване Јованов.

Ова не ги поколеба гостите кои продолжија со ефикасната игра и  Давид Манасиевски во 75. минута зголеми на 1-3. Марко Ѓорѓиевски со два гола, во 90. минута и во 92. минута ги постави конечните 1-5

Дербито во Струмица започна лошо за шампионот  откако Али Адем доби црвен картон по жестокиот старт врз Донов.

И во таква ситуација Шукпи поведе со голот на Маргвелашвили во 30.минута, но издржа само до  79.минута  кога Велиновски од пенал ги постави конечните 1:1 откако претходно Младеновски го фаулираше Трајков .

Лидерот Струга ТЛ го искористи овој кикс на директниот ривал за првото место и се искачи на плус 4 бода откако забележа минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Работнички.  Средбата ја реши голот на Малески. 

Старт со победа на новиот тренер на Македонија ЃП.  Горан Симов. Лавовите се радуваа на минимална победа против Тиквеш во Кавадарци со погодокот на искусниот  Самир Фазли во 67.минута.

 

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА-24.КОЛО
А.ПАНДЕВ – ШКУПИ 1:1
(Велиновски (п) 79./Маргвелашвили 30./)
ПОБЕДА – СИЛЕКС 1:5
(Јованов 47./Рамани 7., Серафимовски 44.. Манасиевски 74., Ѓорѓиевски 90.. 90+2.)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА 0:1
(/Малески 28.)
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1
(/Фазли 67.)
НЕДЕЛА (15:00 Ч):
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА (СЛОБОДНА)