-->
-->
Убедлив пораз на македонската јуниорска репрезентација од Турција
-->

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години е поразена од Турција во натпревар од меѓународниот турнир кој се одржува во Истанбул.
Откако вчера избраниците на селекторот Ѓорѓи Кочов убедливо ја совладаа Словачка (83-61), денеска тие беа совладани од турските врсници со 96:57 по четвртини 27-13, 18-18, 29-10 и 22-16.
Поразот беше најавен уште по првата четвртина која домаќините ја добија со 27-13, а на полувремето имаа предност од 45-31. Вториот дел турските јуниори го одиграа рутинирано и од минута во минута ја зголемуваа предноста која на крајот изнесуваше 39 поени (96:57)
Дури петмина турски кошаркари средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени, додека кај нашата селекција „двоцифрени“ беа Павле Михајловски со 13 и Лука Стојановски со 12
Утре овие две репрезентации ќе одиграат уште еден меч, додека во понеделник и вторник македонските јуниор ќе играат два натпревари против врсниците од Бугарија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
