Убавата пејачка ги налути Американците
Кога излегла на сцена за да ја отепее химната, пејачката Сиара не претпоставувала колку негативни коментари ќе добие нејзиниот настап.
Убавата Сиара настапила синоќа пред натпреварот на „ Колеџ Фудбал Чемпионшип“ и совршено го извела својот настап повторно презентирајќи ги своите неверојатни гласовни способности, но по силниот аплауз социјалните мрежи започнаа да се полнат со негативни коментари.
Имено, на Американците им пречело тоа што убавата пејачка одлучила да ја отпее химната со толку провокативно деколте.
И покрај што Сиара изгледала навистина гламурозно и елегантно во долгата, бела, блескава тоалета и наметката која паѓа од рамената, гледачите и замериле на длабокото деколте кое и ги откривало градите и добар дел од стомакот.
- Драга Сиара, преубава си. Но ова е „Нешнал Чемпионшип гејм“. Децата гледаат, облечи се, напишала една од гледачите.
- Тоалетата беше несоодветна. Нејзиниот глас е повеќе од доволен, зошто го тргаш вниманието од него?, е уште еден од коментарите.
- Не сум конзервативен. Обожувам голотија. Но не на фудбалски натпревар. Несоодветно, напишал еден фан.
Слични коментари продолжија да се објавуваат за време на ноќта, а најчесто користен збор беше - „несоодветно“.
Ново на Сител
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија
-
Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура
-
Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа
-
Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник и постар советник во правниот тим на Белата куќа
-
Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле
-
Млад гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче
-
Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Буково
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка