Македонија
5. November 2019 - 11:39

Уапсено младо момче во Неготино

Македонската полиција приведе млад неготинчанец. Според информациите на МВР, вчера  во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Ј.Л.Н.(23) од Неготино, поради тоа што во повеќе возила во Неготино извршил кражби и одземал пари и предмети.

Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела и кои им биле вратени на сопствениците.

Против него е поднесена кривична пријава.