Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО
На 29.11.2024 во 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.С.(43) и Р.С(33), двајцата од Велес. При претрес во домот на С.Т.(49) од Велес, извршен од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основен суд Велес, во присуство и на адвокат, каде биле затекнати и Д.С. и Р.С., биле пронајдени и одземени еден килограм кокаин, бела тврда материја, течност со остатоци од бела прашкаста материја, гасен пиштол “зораки”, вага и прибор за приготвување на наркотични дроги и други предмети. Д.С. и Р.С. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по насоки на јавен обвинител на лице место се обезбедува С.Т., поради здравствени причини.
Извршено е вештачење во Одделот за форензички испитувања и против С.Т., Д.С. и Р.С. поднесена е кривична пријава по брза постапка за ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”," предвидено по член 215 од КЗ.
Ново на Сител
-
Облачно со дожд, од утре сончево и потопло
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери