-->
-->
Уапсени пејачки и танчерки - македонската полиција ги тресеше локалите
-->
Во последната акција на полицијата во два угостутелски објекта во Гостиварско приведени се и задржани 11 женски лица, информираат од СВР Тетово.Во акциската контрола спроведена во периодот од 23 до 5 часот утрово, во угостителски објект во село Чегране, сопственост на 50-годишниот чегранец А.Ш, затекнати се вкупно девет женски лица. Од нив, седум странски и две државјанки на Република Македонија, кои како пејачки и танчерки ги забавувале присутните гости.
Шест од нив на возраст од 21 до 47-годишна возраст биле од Република Албанија и една од Република Грција и заедно со сопственикот нa објектот, приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.
Во угостителски објект лоциран на улица „Тоде Богдановски“ во Гостивар, затекнати се четири албански државјанки на возраст од 22 до 39 години кои, исто така, се приведени и задржани за натамошна постапка
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
-

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола
