Македонија
10. October 2019 - 10:39

Уапсени наркодилери во Гостивар и Скопје

Ноќеска околу 01.45 часот на ул.„101“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Т.(23) и М.С.(20) од Гостивар, затоа што при преглед кај нив е пронајдена марихуана. 

Синоќа во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Самоилова“ го привеле Е.И.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По комплетно документирање на случајот, против трите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.