Уапсени над 200 наставници во Иран
Повеќе од 200 ирански наставници се уапсени во текот на протестот пред зградата на Парламентот во Техеран, во кој побараа од затвор да бидат ослободени нивни колеги и политички активисти.
Пред Парламентот вчера се собраа најмалку 2.000 наставници од разни делови на Иран, носејќи транспаренти и извикувајќи „Ослободете ги уапсените“, соопшти Националниот совет на отпорот во Иран (НЦРИ), што претставува иранска група активисти со седиште во Париз.
Според наводите на активистите, уапсени се 200 наставници, а демонстрантите ги растерала полицијата.
Наставниците побараа од затвор да се ослободат политички активисти, меѓу кои е и Есмаел Абди, претседател на синдикатот на просветни работници, кој се уапсени бидејќи „ ги бранел правата наставниците“, наведоа активистите во своето соопштение, пренесено од француските медиуми.
НЦРИ претставува коалиција на ирански опозициски групи, меѓу кои е и Народната муџахединска организација на Иран, која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација.
Иранските власти, освен апсењата, засега вербално не се огласија за протестот и изјавите на наставниците.
Ново на Сител
-
Кривична за двајца малолетници осомничени за насилство
-
30 дена притвор за обезбедувачот на Мицкоски осомничен за оддавање службена тајна
-
Таравари: Не планираме да излеземе од Владата
-
Нетанјаху се откажа од својот кандидат за нов шеф на Агенцијата за внатрешна безбедност
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари