Уапсени две лица поради пожарот во Атина
Грчката полиција денеска во Атина уапси две лица, едниот Грк, а другиот бугарски државјанин, под сомнение дека случајно предизвикале шумски пожар, кој се прошири кон североисточните предградија на главниот град на Грција.
Двајцата мажи на возраст од 67 односно 58 години ќе бидат изведени пред суд под сомнение дека случајно предизвикале пожар.
Пожарот што вчера избувна во североисточното предградие на Атина, Кареас, во подножјето на планината Имитос, брзо се прошири и се закануваше дека ќе зафати уште две населби. Огнот утрово е ставен под контрола.
Другиот пожар на островор Пелопонез, во близина на пристаништето Неаполи, уништи неколку куќи и голема површина обработливо земјиште.
Вчера ширум Грција регистрирани се околу 80 пожари, а денеска има пожар на островот Скирос.
Грчките власти предупредуваат дека поради силните ветрови голема е опасноста од избивање на нови пожари.
Ново на Сител
-
Косово доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО
-
До четврток нестабилно со услови за невреме, викендот натпросечни температури
-
Пејачот Амар Исмани е жртвата од синоќешното пукање на „Пластичарска“
-
Дачиќ: Хулигани во Белград до смрт го претепале братот на вицепремиерот на Владата на Федерацијата БиХ
-
Столтенберг: НАТО е најуспешен сојуз во историјата
-
ЦУК: Три пожари на отворено, во нива пронајдена граната
-
Повредени две лица во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Извршен увид по пукањето на булеварот „Никола Карев“