Македонија
18. October 2019 - 10:54

Уапсени девојка и дечко кај кои била пронајдена марихуана

Вчера во 19.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода M.К.(23) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана.

Синоќа во 23.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Јане Сандански“ го лишиле од слобода К.И.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.