Македонија
23. March 2025 - 12:50

Уапсени 17 лица кои не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост

Вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово во текот на ноќта биле приведени од полицијата под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост -  кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 лица, од кои едно малолетно, се приведени на подрачјето на Прилеп. 

Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на угостителски објект, во Кичево - еден сопственик на угостителски објект и во Куманово се  приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект осомничени дека ја прекршиле донесената одлука. 

-По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.